На ден 18.10.2019 учениците од нашето училиште беа поканети да гостуваат
во емисиja Ѕвон на Македонската телевизија.
Целта на нашето гостување во Ѕвон беше со цел да се направи афирмација
на нашето училиште и да им се помогне на идните средношколци да ја донесат
вистинската одлука за тоа каде ќе го продолжат нивното образование.
Во рамките на емисијата Ѕвон гледачите имаат можност да се запознаат со
струките и образовните профили кои ги имаме во нашето училиште, а учениците ги
демонстрираа нивните вештини и способности кои ги имаат стекнато за време на
нивното образование.
Во емисијата земаа учество ученици од сите образовни профили.
Во текот емисијата се зборуваше за активностите кои ги реализираат
учениците за време на наставата, а присутните во студиото имаа можност да ги
дегустираат пекариските производи кои беа изработени од прехранбените
техничари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *