Училиштето не е само бетонска зграда, херметички затворена со прозори во  која учениците одат од час на час.

Тоа е место во кое се случува првото заљубување, првото разочарување, место каде се раѓаат вистински пријателства и секако место каде учениците го добиваат потребното знаење.

Покрај секојдневните часови и обврски кои ги имаат учениците, тие може да побегнат од тој свет на момент и да навлезат во тајните што ги нудат книгите. Тоа место е библиотеката која поседува бројни наслови и за секого има по нешто. 

Неизбежната литература потребна за наставата и секако голем избор од светската литература, како и сите нобеловци. Покрај ова има и стручна литература која им користи како на наставниците така и на учениците.

Библиотеката е место каде може да се избега од реалноста и да се потоне во светот на книгите. Само таму ќе почувствувате дека зборот има магична моќ.

Посетете ја библиотеката и ќе се уверите во тоа.