Во рамките на слободните часови по предметот Спорт и спортски активности, нашите ученици се приклучија на еко акцијата “Генералка викенд 2022” организирана од Град Скопје. Со волонтерската акција за чистење на патеките, местата за рекреација и паркинзите на Водно, сакавме да придонесеме Водно да биде почисто и поубаво место за скопјани.