Струка / сектор

Графичка / Графичарство

Образовни профили / квалификациии        

  • Изработувач на визуелни апликации (тригодишно образование)
  • Доработувач на графички производи (тригодишно образование)
  • Графички уредник – дизајнер (четиригодишно образование)

Образованието овозможува хоризонтална и вертикална проодност.

Хоризонталната проодност овозможува премин на ученикот од една во друга квалификација/ профил со исти години на траење на образованието и се состои во полагање на разлика во предмети, односно диференцијални предмети специфични за профилот/квалификацијата, а кои ученикот не ги учел во текот на образованието.

Вертикалната проодност овозможува напредување на ученикот од тригодишно во четиригодишно образование, кое се реализира со полагање на вонредни испити.

Со завршување на образованието на ученикот му се овозможува вработување на пазарот на трудот или продолжување на образованието на сродни факултети.

Ве покануваме!

Дојдете во светот на графичкото дизајнирање и визуелните апликации и поттикнете ја Вашата креативност давајќи им убав изглед на нештата што Ве опкружуваат. Давајќи им убав изглед на нештата ќе научите како да го привлечете вниманието на секој од нас.

Затоа, избери паметно за својата иднина!