Еко-манифестацијата „Еко-моделите за нашиот град“

АктивностиComments Off on Еко-манифестацијата „Еко-моделите за нашиот град“

Nike Air Max 2017 Dames roze sans-serif;”>Еко секцијата од нашето училиште подготви специјална манифестација во вид на приредба со наслов „Еко-моделите за нашиот град“ во рамките на програмата за одбележување на 70 годишнината од ослободувањето на Скопје. 

Приредбата се одржа на 07.10.2014 во холот на училиштето. Главната цел на активноста беше подигање на свеста на учениците за заштита на околината,  допринос кој треба да го добијат идните генерации од нас, а да го пренесат и понатаму со љубов кон себе и другите, својот град и воопшто кон целата природа и планетата Земја.Воедно активноста претставуваше мултикултурно и мултиетничко дружење и запознавање на учениците од училиштето со посебен акцент кон значајниот ден за нашиот град – 13 ноември.

Во активностите се вклучија ученици од прва и втора година од паралелките на македонски, турски и албански наставен јазик.. Акцијата беше координирана од психологот на училиштето Марика Станимировиќ и наставниците: Слаѓана Јаневска, Бранка Стојческа и Љубе Георгиевски.

Учениците настапија со : презентирање на еко модели и еко фризури кои ги изработија самостојно во училиштето , со читање на реферат посветен на Денот на македонското револуционерно востание и со музичка програма.

Comments are closed.

  • eksterno1-baner1-4

    ednevnik

© 2015 СУГС „ Димитар Влахов “ © 2015. Сите права се задржани.