СУГС„Димитар Влахов” е средно стручно училиште кое се наоѓа во Општина Аеродром, на ул. Булевар „3-та македонска бригада“ бр.22, Скопје. Училиштето има добра местоположба, во негова близина се наоѓа автобуската и железничката станица, што овозможува учениците лесно да дојдат до него.
Училиштето располага со училишна зграда, од која училници со површина од 1412 м2, други наставни простории со површина од 1217 м2, дворна површина 1790 м2 и игралиште од 1100 м2.

Во училиштето има три струки, лични услуги, хемиско технолошка и графичка струка, кои се застапени со повеќе профили односно занимања. Постојат профили кои се изучуваат двегодини, три години или четири години.

Во училиштето се изведува настава на три јазици, македонски наставен јазик, албански наставен јазик и турски наставен јазик.
По завршување на училиштето ученикот се стекнува со диплома за втор степен, трет степен и четврти степен. Учениците имаат можност за хоризонтална и вертикална проодност. Хоризонталната проодност е овозможена со полагање на дополнителни испити, кои претставуваат разлика во предмети, ако ученикот преминува од една во друга струка односно профил. Вертикална проодност претставува преминување од трет во четврти степен на образование, кое е овозможено со вонредно полагање на испити. Исто така учениците од четвртиот степен имаат вертикална проодност на сродни факултети. Со завршување на образованието учениците се стекнуваат со диплома за завршен втор или завршен трет степен со која се овозможува вработување на пазарот на трудот или со диплома за завршен четврти степен со која се овозможува продолжување на образованието на сродни факултети или вработување на пазарот на трудот. За стекнување на дипломата учениците од третиот степен полагаат завршен испит, а учениците од четвртиот степен завршен испит или државна матура.

Училиштето соработува со институции од областа на воспитание и образование МОН, БРО, ЦСОО, ДИЦ, Сектор за образование на Град Скопје, но и со институции поврзани со пазарот на трудот, Комора на занаетчии, работодавчи од приватниот сектор, со локалната заедница и др.
Училиштето работи по нови наставни планови и модуларни програми. Модуларните програми овозможуваат развивање на знаења, вештини и компетенции потребни на пазарот на трудот и се базираат на резултати на учење кои на ученикот му овозможуваат полесно да одговорат на потребите на пазарот при нивното вработување.
Теоретскта настава учениците ја изведуваат во училиште, дел од наставата е кабинетска, а другиот дел се реализира во училници, а практичната настава еден дел се реализира во училиште во кабинети, а другиот дел задолжително кај работодавач како практична обука. Учениците имаат за летниот распуст и феријална практика кои ја обавуваат кај работодавачи.

Училиштето има склучено меморандуми на соработка со повеќе фирми со цел реализација на практична обука и феријална практика, кое овозможува доколку дозволуваат нивните капацитетите и вработување на нашите ученици. Училиштето има склучено и меморандум со земјоделско шумарскиот факултет, делот за исхрана со цел реализација на практична настава и вежби.

Училиштето учествува во повеќе проекти и натпревари организирани од акредитирани институции.
Училиштето работи според Годишна програма која се носи пред почетокот на учебната година.
Во училиштето функционираат стручните органи, совет на година, совет на паралелка, наставнички совет, стручни активи кои имаат програми според кои ја реализираат својата работа.

Училиштето соработува со родителите и проблемите поврзани со наставата ги решава преку претставници на родители во Советот на родители.
За клучни работи во училиштето решава и Училишниот одбор, како управен орган во училиштето.
Училиштето има обезбедување кое овозможува безбедна средина за учениците. Во училиштето постои клима на почитување на личноста без разлика на етничката, верската и половата припадност.
Застапените струки кои се популарни меѓу младите, барани на пазарот на трудот, позитивната училишна клима го прави училиштето привлечно меѓу идните генерации.

Просторни и човечки капацитети на училиштето
Училиштето располага со опремени училници и кабинети за практична настава, кои ги исполнуваат стандардите за реализација на наставата.
За потребите на практичната наставата во секторот лични услуги во училиштето има кабинет за фризери кој е опремен со современи нагледни средства, кабинет за козметика современо опремен со апарати за нега на лице и тело, кабинет за естетска нега на раце и нозе кој е современо опремен. Надвор од училиштето се наоѓа Фризерско козметички салон „Димитар Влахов“ во кој се реализира практичната настава.

Во училиштето има кабинет за практична настава во хемиско-технолошката струка опремен со современи апарати и графичка работилница опремена со компјутери и машини во кои се реализира практичната настава.

Во рамките на училиштето има и два кабинети по информатика со достапен интернет, современо опремена конференциска сала, хемиска лабараторија, кабинет за ликовна уметност, кариерен центар, центар за младинска организација,библиотека.
Училиштето располага и со спортско игралиште и кабинет за спорт и спортски активноисти.
Во училиштето има наставничка канцеларија, сала за состаноци, канцеларија за директорот на училиштето, просорија за педагошко психолошката служба и простории за административната служба и техничкиот персонал.

Целокупната организација на училиштето во однос на неговото функционирање ја прават вработените кои се систематизирани по нивните работни задачи.
Директор на училиштето, раководен орган и двајца помошници директори кои се грижат за реализација на наставата и одржување на ред и дисциплина.
Административно техничка служба, секретар – правен советник и технички секретар -благајник.
Стручна служба, психолог и библиотекар.

Наставен кадар кој е компетентен и обучен за реализација на наставата со примена на современи методи на учење.
Технички персонал кој се грижи за хигиената во училиштето, домаќин кој обезбедува потребни средства и потребен материјал, хаузмајстор и чувар кој се грижи за училиштето во ноќните часови.

Мисија
Образуваме млади луѓе способни да одговорат на современите професионални предизвици, кои ќе бидат носители на бизнисот и креатори на иднината. Воспитуваме млади луѓе способни да одговорат на современите животни предизвици во мултиетничко и мултикултурно општество и кои ги прифаќаат и почитуваат различностите.

Визија
Училиште кое ќе претставува современа, силна и респектабилна воспитно-образовна организација

Мото на училиштето
Современи млади луѓе за современо општество

Цели на училиштето:
• ПОДИГАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ВОСПИТНО-ОБРАЗОВНИОТ ПРОЦЕС СО ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА НОВИ НАСТАВНИ ПЛАНОВИ И ПРОГРАМИ
• СТРУЧНО УСОВРШУВАЊЕ НА НАСТАВНИОТ КАДАР
• ОСОВРЕМЕНУВЊЕ НА НАСТАВАТА
• ПРОМОВИРАЊЕ НА ИНДИВИДУЛАНИОТ РАЗВОЈ И ЛИЧНОСТА НА УЧЕНИКОТ
• ВОВЕДУВАЊЕ НА ИНКЛУЗИВНОСТ ВО НАСТАВАТА
• РАЗВИВАЊЕ ФОРМИ НА СОРАБОТКА СО РОДИТЕЛИТЕ И ЛОКАЛНАТА СРЕДИНА
• ПЕРМАНЕНТНА ГРИЖА ЗА ЗДРАВЈЕТО НА УЧЕНИЦИТЕ;
• ГРАДЕЊЕ ПОЗИТИВНА КЛИМА И СРЕДИНА ЗА УЧЕЊЕ ВО КОЈА ЌЕ ДОЈДАТ ДО ИЗРАЗ РАЗЛИЧНИТЕ СПОСОБНОСТИ И АФИНИТЕТИ НА УЧЕНИЦИТЕ, ВЗАЕМНА ПОЧИТ, ДОВЕРБА И МЕЃУЕТНИЧКА ТОЛЕРАНЦИЈА