Лидија Андоновска, родена на 20.06.1958 година во Скопје, средно образование има завршено во гимназијата Јосип Броз Тито и студии на Медицински факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј. Педагошка доквалификација на Филолошкиот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј.

Работното искуство во наставата го започнува во 1989 година во државното училиште Методи Митевски Брицо како професор по предметот Функционална анатомија со физиологија на спортот за да продолжи од 1992 година во училиштето СУГС „Димитар Влахов“ како професор по стручни предмети во струката лични услуги, до денес со функција вршител на должност Директор на училиштето.

Личност со богато работно искуство во областа на наставата, докажан наставник и класен раководител, ментор на ученици во учество на натпревари и во подготовка за државна матура и завршен испит.

Учесник во бројни проекти: Модернизација на образованието, Мрежа ЈЕС проект подржан од УСАИД, Twinning proekt, Интеграција на еколошка едукација во македонскиот образовен систем, Меѓуетничка интеграција во образованието, Реформи во потсредно образование, Проект за развој на вештини и подршка на иновации.

Надворешен соработник во институции поврзани со образованието МОН, БРО, ЦСОО, ЦОВ за изработка на бројни документи поврзани со образованието,
Автор на учебник „Применета козметика за III година“, рецензент на учебници од здравствена струка и струка лични услуги, автор на прашања за екстерно оценување за струката лични услуги, автор на стандарди на занимање, квалификации на занимање и наставни програми од областа на козметиката во струката лични услуги.

Учество во експертски тим за реформи во средното стручно образование во третиот степен и во техничкото образование.

Координатор на проекти, член на тим од обучувачи на наставници за интерактивна настава и оценување, мастер обучувач за примена на реформирани наставни програми во техничкото образование во струката лични услуги.

Зема учество во управни органи на училиштето како претседател на Училиштен одбор и во 2018 година како вршител на должност Директор на училиштето.

Во младоста врвен спортист и актуелен рекордер на Македонија во фрлање копје, атлетски судија и долгогодишен член на здравствената комисија на Атлетската федерација на Македонија.

Личност со лидерски способности, тимски работник, одговорна, самоиницијативна, способна да извршува повеќе задачи истовремено. Комуникативна, добар оратор, ведра, прилагодлива на нова средина, почитувана од колегите, учениците и соработниците.