Според Законот за средно образование и воспитание, како и Статутот на Училиштето, учениците имаат права кои ги остваруваат преку наставата и другите облици на воспитно-образовна работа, а истовремено имаат и обврски коишто треба да ги исполнуваат и почитуваат.

  1. Училиштето работи во две смени. Прва смена од 07. 30 – 13.10, втората смена од 13.30 – 19.10 часот. За двете смени големиот одмор е после вториот час и трае 20 минути, а малиот одмор е после четвртиот час и трае 10 минути. Учениците доаѓаат на во училиште во 7:15 часот за прва смена и во 13:15 часот за втора смена. Главниот влез се затвора во 7.35 часот односно во 13.35 часот.
  2. Ученикот кој од оправдани причини ќе задоцни на настава до пет минути, предметниот наставник е должен да го прими на часот, да евидентира во дневникот дека задоцнил, а кл.раководител да го регулира изостанувањето.
  3. Учениците не минуваат низ службениот влез на училиштето. Забрането е излегување од часот и шетање низ ходници за да не се наруши текот на наставата, освен во времето определно за одмор. По завршување на наставата учениците ја напуштаат училишната зграда, освен во случај на воннаставни активности.
  4. Сите потреби од административен карактер учениците ги остваруваат исклучиво преку класните раководители (потврди, уверенија и сл.).
  5. Во случај кога наставникот од било која причина не е на часот подолго од 10 минути, потребно е дежурниот ученик да го извести раководителот на смена, заради регулирање на часот.
  6. За време на наставата се забранува користење мобилни телефони.
  7. Во училиштето и училишниот двор не е дозволено пушење.
  8. Забрането е внесување предмети и материјали што не се дел од училишниот прибор, особено оние со кои може да се загрози безбедноста на учениците и вработените. Забрането е кршење, уништување и изнесување на училишен инвентар.
  9. Во училиштето има дежурни наставници и дежуртвото започнува во 7:00 часот за прва смена и трае до 13:00 часот и во 13:00 часот за втора смена и завршува во 19:10 часот.
  10. Кон учениците кои нема да се однесуваат во согласност со наведените правила се предвидени соодветни педагошки мерки. Доколку се утврди конкретниот сторител на одредена штета и се утврди дека истата е направена намерно, истиот е должен да ја надокнади штетата и му се изрекува соодветна педагошка мерка. Доколку не се утврди вистинскиот сторител тогаш направената штета ја надоместува целиот клас.