Училиштето располага со опремени училници и кабинети за практична настава, кои ги исполнуваат стандардите за реализација на наставата.
За потребите на практичната наставата во секторот лични услуги во училиштето има кабинет за фризери кој е опремен со современи нагледни средства, кабинет за козметика современо опремен со апарати за нега на лице и тело, кабинет за естетска нега на раце и нозе кој е современо опремен. Надвор од училиштето се наоѓа Фризерско козметички салон „Димитар Влахов“ во кој се реализира практичната настава.
Во училиштето има кабинет за практична настава во хемиско-технолошката струка опремен со современи апарати и графичка работилница опремена со компјутери и машини во кои се реализира практичната настава.
Во рамките на училиштето има и два кабинети по информатика со достапен интернет, современо опремена конференциска сала, хемиска лабараторија, кабинет за ликовна уметност, кариерен центар, центар за младинска организација,библиотека.
Училиштето располага и со спортско игралиште и кабинет за спорт и спортски активноисти.
Во училиштето има наставничка канцеларија, сала за состаноци, канцеларија за директорот на училиштето, просорија за педагошко психолошката служба и простории за административната служба и техничкиот персонал.
Целокупната организација на училиштето во однос на неговото функционирање ја прават вработените кои се систематизирани по нивните работни задачи.
Директор на училиштето, раководен орган и двајца помошници директори кои се грижат за реализација на наставата и одржување на ред и дисциплина.
Административно техничка служба, секретар – правен советник и технички секретар -благајник.
Стручна служба, психолог и библиотекар.
Наставен кадар кој е компетентен и обучен за реализација на наставата со примена на современи методи на учење.
Технички персонал кој се грижи за хигиената во училиштето, домаќин кој обезбедува потребни средства и потребен материјал, хаузмајстор и чувар кој се грижи за училиштето во ноќните часови.