Димитар Влахов (08. XI. 1878 – 07. VI. 1953) е македонски револуционер, општествено-политички деец, државник, професор и публицист. Тој бил активист на Бугарската Работничка Социјалдемократска Партија (БРСДП), ТМОРО, Народната Федеративна Партија (НФП), ВМРО (Автономистичка), ВМРО (Обединета), Бугарската Комунистичка Партија, Коминтерната и Комунистичката партија на Југославија (КПЈ).

Димитар Влахов е роден на 8 ноември 1878 година во Кукуш, во револуционерно семејство.

Димитар Влахов е делегат на АСНОМ и член на неговиот Президиум, а зазема високи државни функции. Како член-советник во Југословенската делегација присуствува на Париската мировна конференција. Главно поради ставот за обединувањето, обвинет е за дејност во „антипартиска група“ и испратен во Белград, каде што и умира на 7 јуни 1953 година.