ИЗВЕШТАЈ ОД МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ОБРАЗОВНО РАНДЕВУ 2016г.“

АктивностиComments Off on ИЗВЕШТАЈ ОД МАНИФЕСТАЦИЈАТА „ОБРАЗОВНО РАНДЕВУ 2016г.“

Околу 30 ученици од СУГС „Димитар Влахов“ – Скопје беа дел од манифестацијата „Образовно Рандеву 2016“ која во организација на МАССУМ (Македонска асоцијација на средни стручни училишта), минатата седмица на 22 и 23.04.2016г. се одржа во СЕТУГС „Михајло Пупин“ во Скопје. Средното електро-техничко училиште на Град Скопје „Михајло Пупин“ беше домаќин на традиционалната манифестација „Образовно рандеву 2016“, на која учествуваа 45 средни стручни училишта од Македонија со повеќе од 1.500 ученици. Манифестацијата беше замислена како креативен натпревар меѓу учениците во 15 различни категории како интервју за работа, јавно говорење, маркетинг план, најдобар бенд, најдобра видео реклама, најдобра фотографија, најдобар филм, најдобра веб страна, најдобар штанд, најдобра драмска изведба, најдобра модна ревија, најдобра поетска творба, најдобар тим во баскет, најдобар пингпонгар и најдобар тим во серва. Во рамките на Образовното рандеву, нашето училиште зеде учество во повеќе категории меѓу кои: најдобар штанд, најдобра модна ревија, спортски натпревари, интервју за работа, јавно говорење, најдобар бенд, најдобра фотографија, најдобар постер и најдобро електронско портфолио. Најуспешни во своите категории беа: најдобар штанд, најдобра модна ревија и пинг-понг натпревар, во кои го освоија второто место.

Comments are closed.

  • eksterno1-baner1-4

    ednevnik

© 2015 СУГС „ Димитар Влахов “ © 2015. Сите права се задржани.