ИМИЏ кампањата е организирана од Занаетчиската комора на град Скопје, во рамките на проектот финансиран од USAID.

Средното училиште на Град Скопје “Димитар Влахов“ активно се вклучи во ИМИЏ КАМПАЊАТА ЗА ЗАНАЕТЧИСТВО во презентацијата во неколку основни училишта во: општина Бутел ОУ “Живко Брајковски“, општина Гази Баба ОУ “Његош“, општина Кисела Вода ОУ “Партеније Зографски“, општина Гази Баба ОУ “Наум Охридски“ – с.Црешево.

Во презентацијата учествуваа наставниците од СУГС “Димитар Влахов“ Скопје: Елизабета Савева, Светлана Петрушевска и Драгана Цветковска, а од фелата на фризерите: Љупчо Петрушевски – студио “Бубе-ИН“, Сања Велевска – салон за убавина “Бела Дона“, Љупчо Треневски – студио “ИВ Јуниор“, Еми Карапејова – “Бјути тренд – Ива“, Димитар Димовски студио “Кат & Кат“. Како координатор на кампањата е Комората на занаетчии, претставувана од в.д.директорот Анета Атанасовска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *