Министерството за образование и наука во соработка со Центарот за развој на образованието ЕДЦ од САД, подружница Скопје, кои го реализираат Проектот (Мрежа ЈЕС), финансиран од Американската Агенција (УСАИД), отвори и опреми кариерни центри за кариерно советување на учениците во јавните средните училишта во повеќе општини во Република Македонија.

Како дел од кариерните центри во средните училишта беше отворен и Кариерен центар во СУГС „Димитар Влахов”. Секоја година тим од наставници изработува Акциски план за работа на КЦ и истиот го вклучува во  годишната програма на училиштето.

Во реализацијата на целите зацртани во акцискиот план  учествуваат работна група,  директор, администрација, претставници на бизнис секторот и локалната заедница, обучени ученици, ученици волонтери, наставници, надворешни соработници, педагошко – психолошката служба и др. Кариерниот центар функционира секој ден и во него волонтираат ученички тимови и наставници од  училиштето. На почетокот на школската година беше реализиран и состанок со менаџерскиот тим на училиштето со цел да се зајакне подршката за реализација на активностите (материјална, финансиска, морална и др… ) Работна група, претставници на бизнис секторот и локалната заедница се ангажираа околу обезбедување на потребни ресурси за работа. Преку соработка со заедницата и бизнис секторот учениците полесно ќе ги реализираат поставените цели. Особено е важно при реализација на програмата учениците да имаат можност да разговараат со претставници од работодавачите или од високообразовните институции за да можат да добијат директни информации за тоа кои знаења, вештини и способности се потребни за одредени работни места и кои услови се потребни за продолжување на образованието, односно кои занимања се барани на пазарот на трудот. Една од позначајните цели на тимот за кариерно советување е промоција на  Кариерниот центар во и надвор од училиштето. Во училиштето беа организирани средби со родители и работодавачи. За таа цел тимот од наставници подготвија промотивен материјал (флаери, плакати) и распоред. Работната  група и обучените ученици  се редовно ангажирани и во  индивидуално и групно советување на учениците. Во склоп на слободните часови од програмата Планирање на кариера се организираат работилници за активно барање на работа имаат можности да разговараат со претставници од работодавачите или од високообразовните институции за да можат да добијат директни информации за тоа кои знаења, вештини и способности се потребни за одредени работни места.

Како значајни цели треба да се издвојат и организацијата на работилници за изнаоѓање на решенија за подобрување на учењето преку работа,  како и активностите кои беа превземени  за  отворениот ден во училиштето. Особено се важни посетите од високо образовни институции, работодавачи, ученици од основните училишта.