КУЌЕН РЕД НА УЧИЛИШТЕТО

Со куќниот ред се регулира редот, дисциплината, односите меѓу учениците, наставниците и  наставата во училиштето.

Според Законот за средно образование и воспитание, како и Статутот на училиштето, учениците имаат права кои ги остваруваат преку наставата и другите облици на воспитно-образовна работа, а истовремено имаат и обврски коишто треба да ги исполнуваат и почитуваат.

  1. Училиштето работи во две смени. Прва смена од 07. 30 – 13.10, втората смена од  13.30 – 19.10 часот. За двете смени големиот одмор е после вториот час и трае 20 минути, а малиот одмор е после четвртиот час и трае 10 минути.
  2. Учениците доаѓаат на настава најдоцна пет минути пред почетокот на наставата. Главниот влез се затвора во 7.35 часот односно во 13.35 часот.
  3. По завршување на наставата учениците ја напуштаат училишната зграда, освен во случај на воннаставни активности.
  4. Ученикот кој од оправдани причини ќе задоцни на настава до пет минути, предметниот наставник е должен да го прими на часот, да евидентира во дневникот дека задоцнил, а класниот раководител да го регулира изостанувањето. Подолго изостанување од часовите нема да се толерира, односно на ученикот нема да му биде дозволено да влезе на часот.
  5. Учениците не минуваат низ службениот влез на училиштето.
  6. Сите потреби од административен карактер учениците ги остваруваат исклучиво преку класните раководители (потврди, уверенија и сл.).
  7. Учениците да ги почитуваат законските одредби и одлуките на органите во училиштето и пошироко.
  8. Ученикот секогаш да служи за пример со својот изглед и однесување и да формира културни и естетски навики, да внимава на својот морален лик. Да ги почитува аргументите на другите и да не  користи непристојни коментари.
  9. Секој ученик треба да биде ценет како личност без огледа на неговите способности, талент, пол, раса, култура, традиции, националност, вероисповест и социјална положба.
  10. Ученикот да има совесен, одговорен и хуман однос кон сите во училиштето, да ја почитува личноста на своите соученици, наставници и родители.
  11. Во случај кога наставникот од било која причина не е на часот подолго од 10 минути, потребно е дежурниот ученик да го извести раководителот на смена, заради регулирање на часот.
  12.  Забрането е излегување од часот и шетање низ ходници за да не се наруши текот на наставата, освен во времето определно за одмор.
  13. За време на наставата се забранува користење  мобилни телефони.
  14. Во училиштето и училишниот двор не е дозволено пушење.
  15. Забрането е внесување предмети и материјали што не се дел од училишниот прибор, особено оние со кои може да се загрози безбедноста на учениците и вработените.
  16. Забрането е кршење, уништување и изнесување на училишен инвентар.
  17. Се забранува групно и индивидуално напуштање на часови. Поради истото на учениците ке им бидат изречени педагошки мерки.
  18. Во училиштето има дежурни наставници и дежуртвото започнува во 7:00 часот за прва смена и трае до 13:00 часот и во 13:00 часот за втора смена и завршува во 19:10 часот.
  19. Кон учениците кои нема да се однесуваат во согласност со наведените правила се предвидени соодветни педагошки мерки. Доколку се утврди конкретниот сторител на одредена штета и се утврди дека истата е направена намерно, истиот е должен да ја надокнади штетата и му се изрекува соодветна педагошка мерка. Доколку не се утврди вистинскиот сторител тогаш направената штета ја надоместува целиот клас.