Лидер на струка 2019

На ден 03.11.2018 год. во училишниот салон при СУГС„Димитар Влахов“ – Скопје се одржа избор на Лидер на државно ниво за струката лични услуги, образовен профил козметички техничар. На натпреварот учествуваа три училишта: 1. СУГС„Димитар Влахов“ – Скопје 2. ССОУ„Киро Бурназ“ – Куманово 3. ССОУ„Димитрија Чуповски“ – Велес За изработка беа понудени три теми: 1. Новогодишна шминка 2. Невестинска шминка 3. Матурска шминка Менторите од практичниот дел за изработка ја избраа втората тема – невестинска шминка. Првото место на натпреварот го освои ученичка од СУГС„Димитар Влахов“ – Скопје, второто место го освои ученичка од ССОУ„Димитрија Чуповски“ – Велес, а третото место го освои ученичка од ССОУ„Киро Бурназ“ – Куманово.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *