🇨🇭Швајцарскиот проект Е4Е@мк🇲🇰 организираше обука на наставници од средни стручни училишта на тема – Методологија базирана на работни ситуации. Обуката ја спроведува тим на наставници сертифицирани од СФИВЕТ коишто го пренесуваат знаењето добиено од претходно одржаната обука во Швајцарија во 2019 година. За наша среќа, Билјана Јанкуловска, наставник по стручни предмети од нашето училиште, се здоби со овој сертификат, и беше еден од обучувачите на тридневната обука, која се одржа во Охрид.
Во рамки на две обуки (12.08 – 18.08), се обучуваат вкупно 30 наставници (поделени во две групи) од стручни училишта и од регионалните центри за примена на оваа методологија.
Обуката има за цел да го подобри наставниот процес преку поврзување на истиот со работни и животни ситуации.
Ваквиот начин на дополнување на знаењата и вештините на наставниците ќе придонесе кон подобра интеракција со учениците и исполнување на крајната цел – стекнување на стручни вештини што ја рефлектираат работната реалност на ефективен начин.
Подолу можете да ја проследите работната атмосфера низ неколку фотографии.
Повеќе информации за самиот проект можете да пороследите на следниот линк: