III-то место за учество во проект „Паркирај Совесно”

Заврши проектот „Паркирај Совесно”…Одбрани се најдобрите идни совесни возачи.Нашата ученичка Софија Кајевска од III-4 клас, освои III-то место и доби награда „Летување во кампот Скоурас”…Софија ќе биде лидер/ментор во спортско едукативниот камп Скоурас. Честитки Софи!

Официјално заврши едукативниот проект „Паркирај совесно“, одбрани 20-те ученици од трета година средно образование кои ќе летуваат во летниот камп Скоурас во Грција. Десет ученици со најдобри оценки од тестирањето кои го покажаа стекнатото знаење од едукативните предавања реализирани во првата фаза од проектот, ја добија главната награда лидери на групи односно ментори на групи во летниот камп кои во наредните неколку недели ќе посетуваат обуки за менторство, а по успешно завршената задача ќе добијат и паричен надоместок. Останатите десет ученици со интересни кул фотографии кои успеаја да соберат најмногу лајкови, коментари и споделувања добија летување во најголемиот спортско едукативен камп Скоурас во Грција.

Проектот „Паркирај совесно“ имаше за цел да ги едуцира учениците од трета година од средните училишта во Скопје, како најмлади идни активни учесници во сообраќајот, за правилно и прописно паркирање; да ја развие нивната сообраќајна култура и свест за безбедно однесување во сообраќајот; како и да им помогне да стекнат основни предзнаења за сообраќајот и прописното паркирање. Проектот се реализираше во три фази со времетрање од 4 месеци, при што во првата фаза се одржаа 152 интерактивни предавања во 23 средни училишта и сообраќајната култура беше приближена до 4492 средошколци во Скопје. Во втората фаза учениците од сите средни училишта излегоа на терен, ги идентификуваа прописно и непрописно паркираните возила заедно со контролорите на двете јавни претпријатија и сообраќајната полиција и направија интересни фотографии кои беа објавени на социјалните мрежи. Трета фаза е реализацијата на летниот камп кадешто средношколците ќе имаат едукативни, спортски и забавни активности кои ќе им го направат престојот интересен и корисен.

Постојаното укажување на важноста и потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи, особено преку континуирани проекти, кампањи и едукација на долг рок, ќе придонесат да се изгради свесност за одговорно учество во сообраќајот од страна на сите негови учесници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *