Квалификацијата графички техничар на ученикот му обезбедува знаења, вештини и компетенции за изработка на графички производ, од копирна предлошка, преку печатарска форма, до отпечаток и финален производ.

Графичкиот техничар ги познава печатарските форми, печатениот материјал, материјалите за нивна изработка, како и материјалите во графичката доработка.
Оспособен е да ракува со системите и уредите за изработка на копирна предлошка и печатарски форми. Ги подесува и ракува со печатарските машини и машините во графичката доработка. Ги следи и самостојно ги контролира процесите на печатење и графичката доработка. Одговорен е за обезбедување оптимални услови за непречено одвивање на технолошките процеси како и заштитата при работната и животната околина. Врши приспособување на материјалот и процесите за печатење, согласно со промените на условите во погонот.

Од направената анализа и функционалната мапа на секторот Графичарство произлегува потребата од оваа квалификација, односно потреба од стручен кадар со завршено средно стручно образование, кој ќе работи на оперативни работи во подготовка и изработка на копирни предлошки и печатарски форми, во подготовка на машината за печатење и водење на процесот на печатење, на постапките и процесите во доработка на графичките производи, во контрола на процесите во графичкото производство, како и на одржување на машините, опремата и работната средина.

Графичкиот техничар, по завршувањето на средното образование ќе може да работи во печатница за офсет, флексо, бакро, сито и останати техники на печатење (умножување), во специјализирани погони и одделенија за печатење во другите сектори, во специјализирани фирми за подготовка и изработка на копирни предлошки и печатарски форми, во специјализирани фирми за производство на амбалажа, картонажа и преработка и конфекционирање на хартија