Со стандардот на занимање маникир-педикир се стекнуваат знаења и вештини за нега и одржување на кожа на раце и нокти и одржување на кожа на стапала и нокти. Стандардот обезбедува знаења и вештини за декорирање на нокти на раце и нозе со разни техники на акирање: класично, сликарски техники, украсување, француски маникир. Стандардот обезбедува знаења, вештини и техники на надградба на нокти (гелни, наливни, со типсови). Занимањето подразбира и стандарди за одржување на лична хигиена и хигиена на простор,опрема, алат и прибор. Занимањето обезбедува познавања за развивање, одржување квалитет и ефикасност на работата, административни, комерцијални, информатчки и претприемачки знаења и вештини за самостојно стопанисување, вработување како маникир – педикир, декоратер на нокти или како менаџер на салонот.