Козметичкиот техничар самостојно извршува работни активности во козметички салон поврзани со нега на лицето и телото. Планира, креира, калкулира козметички третмани по желба на клиентот, врши промотивни активности, продажба и наплата на козметички третмани. Во рамките на овие работни задачи, го организира просторот и работата во козметичкиот салон, подготвува место за изведба на третманот, создава услови за работа, прима и подготвува клиент за третман, третира лице, врат и деколте, изведува основни и комбинирани третмани на кожа, третира проблематична кожа, применува апаратурна и препаративна козметика во третманот, депилира, епилира, маникира и педикира, негува раце и стапала со маски и пакувања, масира и прави парафински третман, советува за состојби на лицето и телото кои не дозволуваат третман и советува за домашна нега на лицето и телото. Евидентира и одржува апарати и алати за работа. Комуницира со клиенти, работи тимски, поседува претприемачки вештини, ја заштитува работната средина, поблиската и пошироката околина и осигурува безбедни услови за работа.