Квалификацијата прехранбен техничар му обезбедува на ученикот знаења, вештини и компетенции за:

  • препознавање и оценување на квалитетот на суровините, полупроизводите, производите и амбалажата и правилно ракување со нив.
  • контролирање на квалитетот на суровините, полупроизводите и готовите производи во погони и лаборатории со примена на стандарди за квалитет на храна.
  • водење на технолошки процеси, управувње со машините и опремата.
  • следење,  контрола и спроведување на одредени технолошки операции во прехранбената индустрија и спроведување на внатрешна контрола.
  • ​​спроведување на добра хигиенска и производна пракса и микробиолошка контрола на прехранбените производи.
  • следење и применување на законските прописи за безбедност при работа, противпожарна заштита и заштита на животната средина.          

Квалификацијата овозможува стекнување на способност за остварување успешна комуникација со клиенти, соработници и деловни партнери користејќи стручна терминологија, При тоа ученикот е во можност да ги ​​применува основите на бизнисот, пазарот и организацијата на трудот, а ги следи и трендовите во претприемништвото. Поседува и вештини за креирање и презентирање на нови производи, во согласност со барањата на пазарот.

Од направената Анализа и функционалната мапа на секторот Хемија и технологија произлегува потребата од оваа квалификација, односно потреба од стручен кадар со завршено средно стручно образование, кој ќе работи на оперативни работи во индустрија и лабораторија.

Прехранбениот техничар по завршување на своето образование може да работи во индустриско производство, лаборатории, занаетчиство и во трговијата со храна. Самостојно да ги извршува работите во производствените погони, магацините, лабораториите, продавниците, угостителството и трговијата со храна. Самостојно може да работи во фабрика за производство на различни прехранбени производи (мелнички производи, пекарски производи, кондиторски производи, препаботки од овошје и зеленчук, безалкохолни и алкохолни пијалоци, месни производи, млечни производи, етанол, квасец, оцет, кафе, чај, додатоци за јадења, зачини и друго),  лаборатории и слично.

Месар (двегодишно)

Оваа квалификација се базира на стандардите на занимања кои се однесуваат на производство и преработка на месото. Квалификацијата ги дефинира потребните знаења, вештини и компетенции кои треба да ги стекне ученикот за да се оспособи за работа во индустријата за добивање/обработка и преработка на месо во свежи месни производи, како и продажба на месо и различни видови на месни производи. По успешно завршување на стручната квалификација, ученикот ќе биде оспособен:

  • правилно да постапува при примарна обработка на месото;
  • правилно да постапува при обработка на месото и месните производи за продажба;
  • да извршува работни операции во технолошките процеси за преработка на месото во различни свежи месни производи;
  • правилно да ракува, чува и складира месо и месни производи;
  • да ракува и одржува алати, апарати и опрема за производниот процес за производство на свежи месни производи;
  • да ја планира работата и да обезбеди услови за извршување на истата;
  • ги применува стандардите со кои се контролира квалитетот и здравствената исправност на месото и месните производи.

Месопреработувач (тригодишно)

Оваа квалификација се базира на стандардите на занимања кои се однесуваат на производство и преработка на месото. Квалификацијата ги дефинира потребните знаења, вештини и компетенции кои треба да ги стекне ученикот за да се оспособи за работа во индустријата за преработка на месо и продажба на месо и месни производи. По успешно завршување на стручната квалификација, ученикот ќе биде оспособен:

  • правилно да постапува при примарна обработка на месото;
  • правилно да постапува при обработка на месото и месните производи за продажба;
  • да извршува работни операции во технолошките процеси за преработка на месото во различни месни производи;
  • правилно да ракува, чува и складира месо и месни производи;
  • да ракува и одржува алати, апарати и опрема за производниот процес;
  • да ја планира работата и да обезбеди услови за извршување на истата;
  • ги применува стандардите со кои се контролира квалитетот и здравствената исправност на месото и месните производи.

Млекопреработувач

Оваа квалификација се базира на стандардите на занимања кои се однесуваат на производство и преработка на млекото. Квалификацијата ги дефинира потребните знаења, вештини и компетенции кои треба да ги стекне ученикот за да се оспособи за работа во млекопреработувачката индистрија, млекарски фарми или специјализирани продавници за млечни производи. По успешно завршување на стручната квалификација, ученикот ќе биде оспособен:

  • правилно да постапува со млекото при негово добивање, испорака и прем во преработувачки капацитети;
  • да извршува работни операции во технолошките процеси за преработка на млекото во различни млечни производи;
  • правилно да ракува, чува и складира млеко и млечни производи;
  • да ракува и одржува алати, апарати и опрема за производниот процес;
  • да ја планира работата и да обезбеди услови за извршување на истата;
  • ги применува стандардите со кои се контролира квалитетот и здравствената исправност на млекото и млечните производи.