Училиштето има развиена соработка на:

Локално ниво

Со социјалните партнери и установи од струката, преку изведување на практична настава на нашите ученици во нивните објекти, со Стопанската комора на Република Северна Македонија, со Занаетчиската комора на Град Скопје, со општината Аеродром, со Градското собрание и со Кабинетот на градоначалникот.

Републичко ниво

Со други училишта во Р.С.М и стручни институции (ученичките домови, интернати и домови за деца без родители каде што престојуваат наши ученици), Министерството за образование и наука, Бирото за образование, Центарот за стручно образование и наука.