Национален биодиверзитет

АктивностиComments Off on Национален биодиверзитет

Загадувањето како поим со кој се среќаваме секојдневно и кој го предизвикуваме ние самите,е проблем со кој е окупиран целиот свет. 1 Досега, научниците забележаа постоење на 1.5 милиони животински и растителни видови.  Но,во последно време е забележано исчезнување на големброј животински видови,како на пример некои видови на шумскиот був. Листата на загрозени или исчезнати животински видови не е завршена.Во текот на изминатиот век исчезнале преку 100 видови цицачи и 150 видови птици.  На оваа тема разговараме со професор од природно-математички факултет група биологија! Што мислите професоре кој е виновен за овие случувања? Одговорот е едноставен:човекот.На листата на загадувачи на животната средина, тој е еден од најагресивните. Во обидот да ги надмине сите потешкотии со цел да се прилагоди, то јсе оддалечува од природата и го нарушува еко-системот.Градејќи градови и патишта ја дели природата, ги уништува прастарите шуми за да ја расчисти земјата за земјоделство, ловејќи и рибарејќи придонесува кон истребување на одредени видови и ги загадува природните живеалишта.Накратко, човекот има загрозено голем број животински видови на планетета Земја.2 Дали знаете воопшто која е важностанабиодиверзитетот? Биодиверзитетот ја има клучната улога за одржување и балансирање на нашиот опстанок и опстанокот на видовите на планетата Земја.Поради опстанокот на планетата и хармоничниот соживот на човекот и природата, светот би требало да се насочи на две главни цели: зачувување и одржливо користење на биодиверзитетот.Зачувувањето на биодиверзитетот е конзервација и обновување на нарушените екосистеми и природните станишта, како и зачувување и опоравување на растителните и животинските видови. Што би можеле да направиме зазаштитата на животинскиот и растителниот свет во нашето место на живеење? Сите ние треба да сме свесни за загубите што ги претрпуваме од несовесното искористување на природните богатства со кои располага животната средина.Тоа што го правиме директно се одразува на нас и на нашите наредни поколенија кои најмногу ќе ги почувствуваат ефектите од уништувањето на животната средина и неправилното искористување и исцрпување на природните ресурси.

Comments are closed.

  • eksterno1-baner1-4

    ednevnik

© 2015 СУГС „ Димитар Влахов “ © 2015. Сите права се задржани.