„Ние сме најдобри – сите во акција за безбедни училишта“ – категорија „МОДА“

АктивностиComments Off on „Ние сме најдобри – сите во акција за безбедни училишта“ – категорија „МОДА“

Нашето училиште СУГС „ Димитар Влахов“ учествуваше во манифестацијата „Ние сме најдобри – сите во акција за безбедни училишта“ – проектна иницијатива во организација на Градот Скопје, Универзалната Сала – Скопје и НВО „Центар за креативен развој – Скопје“ поддржана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје , на 13.12.2014 год. Манифестацијата имаше натпреварувачки карактер во повеќе категории помеѓу 15 средношколските училишта на Град Скопје.  Нашето училиште аплицираше во две категории : музика и мода и имаше настап во рамките на вкупното одредено време од 15 минути. За категоријата „Мода“ се подготвија еко модели изработени од страна на ученици и наставници од училиштето под водство на тим-координатор Зорица Шанцлиќ. Тимот го сочинуваа учениците : Елена Ристевска, Јована Младеновска, Јуле Каџибанова, Силвана Стоилкова, Мартина Велјановска, Фросина Грнчаровска, Азир Нејсин, Сибела Сефер, Мартин Стојановски, Ауљона Адеми, Демирана Јашар , наставници Елена Јордановска, Атиџе Адеми , Мирјана Крстевска – ментор координатор и психологот на училиштето Марика Станимировиќ . Креациите беа оригинални производи инспирирани од културата за ненасилство, меѓуетничка интеграција, соживот, толеранција и здрава и чиста околина. Се користеа отпадни материјали : стара хартија, весници, стара облека, паднати лисја, стара пластика и најлон кеси и други материјали за рециклажа. Финалниот перформанс беше многу успешен со креативен сценски настап, проследен со меѓусебна соработка и дружење и создавање контакти со ученици од другите училишта.

Comments are closed.

  • eksterno1-baner1-4

    ednevnik

© 2015 СУГС „ Димитар Влахов “ © 2015. Сите права се задржани.