Ноември-месец на науката е во организација на Македонско географско друштво и други друштва од природните науки. Се одржа на Природно-математички факултет.

Нашето училиште СУГС „Димитар Влахов” учествуваше на оваа манифестација под менторство на наставникот по хемија Виолета Арсова и учениците:
1.Даниел Левков IV2
2.Виктор Тренкоски III6
3.Теодора Рајковска III6
4.Ана Јаневска I4
5.Катерина Симјаноска I5
6.Јована Готиќ I2

Даниел Левков од IV2 од хемиско-технолошка струка учествуваше со експериментот „Волуметриско определување на две компоненти во смеса од воден раствор”.
На крајот од манифестацијата на учениците им беа доделени сертификати за учество, но учениците се здобија со поголеми знаења и искуство од ваков тип на натпревар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *