Образовно рандеву 2019

СУГС„Димитар Влахов“ и оваа година меѓу наградените на Образовно рандеву 2019 и стипендија од ФОН за нашата Анастасија Накова. Како и секоја година така и оваа нашето училиште учествуваше на Образовното рандеву 2019 кое се одржа во Кичево на 12 и 13 април 2019 година во организација на Младинската асоцијација на средни стручни училишта на Македонија (МАССУМ). Оваа година домаќин беше СОО ,,Мирко Милески“ од Кичево. На овој натпревар земаа учество средните стручни училишта од цела Македонија. СУГС ,,Димитар Влахов“ учествуваше во пет категории: - најдобар штанд, - јавно говорење на македонски и албански јазик, - најдобра фотографија, - најдобар пингпонгар, - најдобра екипа во серва. Оваа година наградниот фонд го зголеми и мисијата на ОСЦЕ за некои категории, а покрај вообичаените плакети, медаљи и сертификати од МАССУМ, генералниот покровител ФОН универзитет доделуваше стипендии и тоа: I место - стипендија во извос од 100% II место - стипендија во износ од 50% III место - стипендија во износ од 25% Нашето училиште освои: - II место во категоријата Најдобар штанд за учениците Александар Анакиевски, Бајрам Идризи, Јована Клетничка, Орхан Џавити, Симона Алексовска и Ермира Муртезани под менторство на наставниците Елена Савевска, Билјана Јанкуловска, Драгана Цветковска, Џејљан Алији и Стефка Б.Тушевска; - I место во катефоријата Најдобра фотографија за ученичката Анастасија Накова под менторство на наставник Маргарита Димитровска. Пофалби и за учесниците во другите категории: - јавен говор на македонски - ученик Марија Ефремова - ментор Дарко Николовски; - јавен говор на албански - ученик Исра Ајдари - ментор Азем Фазлија; - најдобра фотографија - ученик Деспина Конеска - ментор Елена Савевска; - најдобар пингпонгар - ученик Ангел Блажев - ментор Мирјана Крстевска; - најдобра екипа во серва - ученици Леондина Зујбер и Орхан Керим - ментор Ибрахим Весели.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *