ОТВОРЕН ДЕН 2019

Оваа година во СУГС „Димитар Влахов“ – Скопје ќе се организира ОТВОРЕН ДЕН.

Ве покануваме да се запознаеме и заедно да се забавуваме на „Отворениот ден“ на нашето училиште кој ќе се одржи на денот на пролетта 21.03.2019 година (четврток) со почеток во 12ː00 часот

Бидете и Вие дел од оваа манифестација и забава запознавајќи се со струките кои ги нуди нашето училиште  и проследете ја модната ревија на современа шминка и фризура, а истовремено вкусете од производите направени од вредните раце на нашите ученици.

Поминете незаборавни средношколски денови стекнати со квалитетни и креативни  знаења и вештини.

На сите заинтересирани ученици деветтоодделенци кои би сакале да се запишат во нашето училиште ќе им бидат поделени ваучери за бесплатна шминка и фризура за полуматурската вечер.

ВЕ ОЧЕКУВАМЕ!