Стручната служба е една од значајните компоненти на училишниот живот и работата во него. Стручната служба  работи и делува  во седум подрачја: работа со ученици, работа со наставници, работа со родители, соработка со заедницата, професионален развој и професионална соработка, аналитичко–истражувачка работа и организација и клима. Една од клучните надлежности  на стручната  служба во нашето училиште е поддршката на наставниците за планирање и реализирање на воспитно-образовната работа со цел подобрување на поучувањето, а со тоа и учењето на учениците, односно подобрување на постигањата на учениците.

Соработката со наставниците се реализира преку стручните тела што постојат во училиштето, односно Стручни активи, Совет на паралелка, Наставнички совет, индивидуални средби, но и  во други форми планирани во Годишната програма за работа, на пр.: посета на часови, работилници, менторирање, размена на материјали и др.

Стручната служба со родителите работи   преку  индивидуални  и  групни советувања и  разни   форми  на  едукација, зависно од потребата  и видот на проблематиката. Родителите на нашите ученици имаат доверба и сметаат дека можат слободно да се обратат до стручната и да побараат помош  кога се работи за нивните деца. Соработката на стручната служба со локалната заедница придонесува за подобрување на работата на училиштето, а исто така и за подобрување на животот во локалната заедница. Заедницата треба да биде информирана за работата на училиштето, за постигнатите  резултати и потребите на училиштето. За  таа   цел,  стручната служба  соработува и со другите воспитно-образовни установи и институции од областа на културата,  уметноста и  здравството, кои можат да придонесат за подигање на квалитетот на работата на училиштето, за здравјето, безбедноста и менталниот развој на учениците. Промовира унапредување на воспитно-образовната работа што е базирано врз научни сознанија и врз податоци од анализи и истражувања на состојбите во училиштето. Стручната служба  врши објективно следење, систематско собирање и класификација на податоци и  систематско набљудување и анализирање на воспитно-образовниот процес. Во својата работа ги почитува и применува принципите на недискриминација, еднаквост и правичност кон сите. Се стреми кон развој и примена на инклузивна политика во работната средина, како и почитување на мултикултурализмот како основа за меѓусебно почитување.

Реализирани активности во СУГС „Димитар Влахов„ Скопје и СОУ „Мирче Ацев„ Прилеп во рамките на проектот „Социјална кохезија во средните училишта„ во организација на Центар за граѓанска иницијатива од Прилеп, поддржано од Британска амбасада – Скопје