Посета на Велнес и Спа Центар

Како дел од содржините на наставниот план, учениците од трета година во струката лични услуги, образовен профил козметички техничар, заедно со наставничката Стефка Блажевска-Тушевска извршија постета на Хотел Парк Велнес Центар. Целта на посетата беше да се стекнат практични знаења за тоа што се опфаќа и нуди еден Велнес центар. Учениците беа пречекани од персоналниот фитнес тренер и професор по спорт и спортски активности Душан Проковиќ, кој ги запозна со просториите и фитнес справите кои може да ги сретнат во еден Велнес центар. Исто така тој им ја објасни улогата и бенефитите од фитнесот за целокупната здравствена состојба, а со тоа и за добриот изглед на една личност. Посетата продолжи во Спа центарот каде што учениците се запознаа со работата на еден велнес советник, кој пак учениците ги запозна со се она што треба да го поседува еден велнес центар. Задоволни од наученото учениците успешно ја завршија оваа посета.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *