На 27-ми ноември 2019 на покана од одговорното лице на Сектор за млади, одговорниот наставник Стефка Блажевска Тушевска заедно со учениците од IV1, Анастасија Накова и Билјана Петрушевска, учениците од III4 Маја Јакова и Бојана Илиевска и ученикот од I5 Андреј Стефковски присуствуваа на неформална средба со амбасадорот на ЕУ за РСМ, Г-дин Самуел Жбогар. Средбата беше организирана по повод отварањето на “Youth hub” и Европска куќа во Скопје. Амбасадорот Жбогар кратко им се обрати на присутните, а потоа разговараше со присутните ученици.
Следниот ден тимот од „Димитар Влахов” зеде учество во „Дебата со млади претприемачи” каде двајца многу успешни млади претприемачи ја раскажаа својата приказна за постигнатиот успех на професионално поле. Потоа учениците поставуваа прашања што им беа од интерес. Средбата заврши со нова покана за следната дебата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *