Посета на Фармацевтска компанија АД Реплек

На 09.05.2019 година учениците од СУГС„Димитар Влахов“ од IV година, струка лични услуги, профил козметички техничар, реализираа посета на Фармацевтска компанија АД Реплек, заедно со нивните наставници ментори. Беа посетени просториите во рамките на компанијата: Развојна лабараторија, Сектор за контрола на лекови и козметички препарати и Сектор за производство и транспорт на деминерализирана вода. Учениците се запознаа со новата апаратура и технологија за производство на лекови и козметички препарати, со достигнувањата во областа на контролата и испитувањата на суровините и готовото производство на лековите и козметичките препарати. Учениците и нивните наставници ментори задоволни од посетата се фотографираа пред главниот влез и убавиот двор.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *