Здружението на граѓани за култура и уметност Ан-блок од Скопје, со поддршка од страна на Град Скопје реализираше проект насловен „Поттикнување на општествена одговорност кај младите преку волонтерски активности” во кој беше вклучено и нашето училиште.
Едукативните предавања и работилници, кои беа во рамките на овој проект, беа реализирани во просториите на нашето училиште на 19 и 20 ноември оваа година, со почеток од 9:30 часот. Практичната волонтерска активност се одржа на 4.12.2019 година во просториите на ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести од 14 часот. Беа опфатени деца кои за време на реализацијата на проектот беа на болничко лекување.
Целта на овој проект беше поттикнување на општествена одговорност кај младите преку активно и квалитетно искористување на слободното време и нивно вклучување во волонтерски активности од областѕа на културата и уметноста со акцент на негување на здрави животни навики.
Во проектот беа вклучени како предавачи педагог Проф. Поликсена Илиоска и Проф. Др. Мирослав Пендаровски, како и Стефка Блажевска-Тушевска, Светлана Петрушевска, Елизабета Савева и Драгана Цветковска како одговорни наставници заедно со педесттина ученици од повеќе класови од нашето училиште.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *