Град Скопје и Министерството за образование и наука на 10 декември 2019 година во х. Холидеј Ин одржаа Промотивен настан-Заеднички часови со ученици кои учат на различни наставни јазици во Град Скопје на кој беше покането и нашето училиште, како дел од втората фаза на овој проект. На настанот присуствуваа и се обратија на присутните градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, министерот за образование и наука, Арбер Адеми, представникот на Канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија, Ерик Јановски и шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која. Исто така присутни и представници од образовните институции, ученици и наставници од училиштата. Настанот беше организиран во соработка со Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, а спроведуван од Македонскиот центар за граѓанско образование и Мисијата на ОБСЕ во Скопје. За време на настанот, Град Скопје им додели признанија на наставниците реализатори на заедничките ученички часови во учебната 2018/2019 година. Тимот кој ги реализира овие часови во нашето училиште е во состав, Стефка Блажевска Тушевска, Афердита Лита, Светлана Петрушевска, Нуриман Камберај, Атанас Филиповски, Ибраим Весели, Елена Савевска Нухи Зејнулах.