Денес ширум светот  се одбележува Светскиот ден без автомобили, ден кој првпат беше одбележан пред 20 години. Овој ден има цел да ја крене свесноста кај луѓето за зелените, еколошки транспортни решенија (јавен транспорт, пешачење, велосипедизам, итн.), како и да поттикне иницијатива за ремоделирање на градовите во насока на поддршка на ваквите модели на транспорт и приближување на јавниот простор, пред сè улиците, поблиску до луѓето. Одбележувањето на овој ден треба да ги поттикне граѓаните да замислат еден поинаков град кој ќе биде во функција на луѓето, а не на автомобилите.

Стотици градови во Европа и светот, вклучувајќи го и нашиот град Скопје,  овој ден го одбележуваат со затворање на улици или цели делови од градовите каде луѓето можат слободно да се движат и да обавуваат различни активности. Истовремено, овој потег има цел да ги поттикне луѓето, барем на тој еден ден, да го остават дома автомобилот кој важи за нееколошко и неефикасно транспортно средство и да размислуваат за други начини на превоз.

Ученици од нашето училиште предводени од наставникот Атанас Филиповски, учествуваа на овој настан и се добитници на една од дваесетте награди кои се доделија на крајот од велосипедското дефиле. Браво за Влаховци !!!

Светскиот ден без автомобили е последен ден од Европската недела на мобилност со кој се заокружуваат сите активности на овој традиционален настан. Се одбележува  од 2000 година, кога 760 градови ја поддржале оваа идеја. По примерот на другите градови, првенствено се започнува со затворање на само неколку улици во градот, за потоа, во секоја наредна година, бројот на тие улици да се зголемува.