Училиштето СУГС „ Димитар Влахов “ е едно од најактивните училишта во спортските натпревари и волонтери во организациите на трките. Училиштето заедно со учениците и професорите се секогаш активни и доброволно учествуваат во сите можни натпревари. Секоја година учествуваме во натпревари од типот: фудбал, кошарка, одбојка, пинг понг и како волонтери на Скопскиот маратон. Давањето помош на оние на кои им е потребна е она кое што не мотивира секоја година да учествуваме во сите спортски натпревари. Скопскиот маратон со сигурност станува традиција и бренд на градот  Скопје , а ние сме горди што придонесуваме во тоа.