КОНКУРС за запишување ученици во СУГС„Димитар Влахов“ за учебната 2019/2020 година

 I . БРОЈ НА УЧЕНИЦИ

Во прва година ќе се запишат 714 ученици во 21 паралелка (476 учени­ци во 14 паралелки со настава на македонски јазик, 204 ученици во 6 паралелки со настава на албански јазик и 34 ученици во 1 паралелка на турски јазик) според наставните планови и програми за:

Лични услуги – 374 ученици, 11 паралелки

– техничар за козметичка нега и убавина мак 68 уч. 2 пар. 4 г.тр. 45 минимум поени
– техничар за козметичка нега и убавина алб 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 минимум поени
– фризер мак 136 уч. 4пар. 3г.тр. 30 минимун поени
– фризер алб 34 уч. 1 пар. 3г.тр. 30 минимун поени
– фризер тур 34 уч. 1 пар. 3г.тр. 30 минимун поени
– естетичар за нега на раце и нозе мак 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 минимун поени
– естетичар за нега на раце и нозе алб 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 минимун поени

 Графичка струка – 136 ученици, 4 паралелки

– графички уредник- дизајнер мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 минимум поени
– доработувач на графички производи мак 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 минимум поени
– печатар мак 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 минимум поени
– печатар алб 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 минимум поени

 Хемиско – технолошка струка – 204 ученици, 6 паралелки

– прехранбен техничар/ техничар за заштита на животната средина мак 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 минимум поени
– прехранбен техничар/ техничар за заштита на животната средина алб 34 уч. 1 пар. 4 г.тр. 45 минимум поени
– месопреработувач мак 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 минимум поени
– месопреработувач алб 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 минимум поени
– месар мак 34 уч. 1 пар. 2 г.тр. 30 минимум поени
– млекопреработувач мак 34 уч. 1 пар. 3 г.тр. 30 минимум поени

   П Р Е Г Л Е Д

на наставните предмети од основното образование кои се предвидени во критериумите за рангирање на успехот на учениците

Ред. бр. Струка Наставни предмети
задолжителни значајни за струката
1. Хемиско-технолошка мајчин и странски јазик хемија, математика
2. Графичка мајчин и странски јазик хемија, ликовно образование
3. Лични услуги мајчин и странски јазик хемија, биологија

 * Мајчин јазик: македонски јазик, албански јазик, турски јазик и српски јазик

II.  УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ

Запишувањето на учениците во учебната 2019/2020 година ќе се врши под услови и на начин утврдени со Законот за средното образование, Законот за стручно образование и обука и со овој Конкурс.

Бесплатен превоз или сместување на учениците кои ќе се запишат во прва година во јавните средни училишта, нема да биде обезбеден ако избраниот вид на образование (струка) го има во општината, односно регионот. Наставата се изведува на македонски јазик и кирилско писмо. За припадниците на заедниците кои следат настава на јазик различен од македонскиот јазик и неговото кирилско писмо, наставата во јавните средни училишта се изведува на јазикот и писмото на соодветната заедница

Условите за запишување на учениците се:
– да имаат завршено основно образование;
– да не се постари од 17 години;
– да се определиле за план и програма за еден од следните видови образование:
а) гимназиско образование;
б) стручно образование и обука;
в) средно уметничко образование;
г) средно образование за ученици со посебни образовни потреби;
– да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој Конкурс.
Учениците од ромската етничка заедница можат да се запишат во одредено јавно средно училиште ако имаат до 10% помалку поени од бројот на поените предвидени согласно Конкурсот за соодветните наставни планови и програми и ако ги задоволуваат дополнителните критериуми за испит на знаење и вештини во училиштето.

III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ

При пријавувањето, учениците треба да ги поднесат следните документи:
– пријава за запишување (пријавата за запишување ученикот ја подигнува од училиштето во кое
ученикот сака да се запише и истата е бесплатна);
– оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
– дипломи, (доколку имаат) од освоени (I, II и III) места од меѓународни и државни натпревари од
мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и
географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;
– извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).

IV. КОНКУРСНИ РОКОВИ

Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во еден уписен рок со три пријавувања, две пријавувања во месец јуни и едно пријавувањe во месец јули.
Првото пријавување и запишување на учениците се врши на 17 и18 јуни 2019 година, а ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 19 јуни 2019 година.
Квалификационото тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 21 јуни 2019 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 21 јуни 2019 година. Проверката на знаењата на учениците од заедниците ќе се реализира на јазикот на кој што ученикот ја следел наставата во основното училиште.
По објавување на ранг листите со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето, задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 48 часа, а училиштата имаат обврска да ја вратат целокупната документација на учениците во рок од 48 часа.
Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 24 и 25 јуни 2019 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 26 јуни 2019 година.
Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 1 јули 2019 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 2 јули 2019 година.
Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок, на 26 август 2019 година за што доставуваат доказна документација.

V. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР

Критериуми за избор на учениците се:
− среден успех на ученикот од VI до IX одделение;
− среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик
и два предмети што се од значење за струката);
− дипломи за освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и државни
натпревари (организирани од акредитирани здруженија од Министерство за
образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика,
хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за
струката односно изборното подрачје;
− средна вредност од поени добиени за поведение.
За средниот успех од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 50 поени (општиот успех од шесто, седмо, осмо и деветто одделение се собира, се дели на четири и истиот број се множи со коефициент 10).
За средниот успех постигнат од четирите предложени наставни предмети (два наставни предмети задолжително за сите видови образование и два предмети што се значајни за струката), ученикот може да добие најмногу 20 поени (5 поени за секој предмет).
За освоено место од меѓународни и државни натпревари ученикот може да добие најмногу 5 поени. (За освоено место од меѓународни натпревари 5 поени, за освоено место од државни натпревари: 3 поени за I место, 2 поени за II место и 1 поен за III место). На ученикот му се вреднува само една диплома која носи најмногу поени.
За средна вредност од поените за поведение од VI до IX одделение ученикот може да добие најмногу 5 поени. (Примерно поведение се вреднува со 5 поени, добро поведение се вреднува со 3 поени и незадоволително поведение се вреднува со 0 поени. Средната вредност е збир од поените за поведението од шесто, седмо, осмо и деветтоодделение поделен со 4).
Ученикот по сите критериуми утврдени со овој конкурс може да добие најмногу 80 поени.