Ротари конференција за професионална ориентација на млади под мотото,,Моја иднина,моја одлука” и оваа година по осми пат заради вонредната состојба се одржа online со видеоконференција на zoom, организирано од Ротари Клуб Скопје Камен Мост.

Ана Јаневска  ученичка од СУГС,,Димитар Влахов” oд  I-4 клас, сектор-Лични услуги, образовен профил-Техничар за козметичка нега и убавина, зема учество во оваа видеоконференција во сесијата -Економија,бизнис и финансии.

Конференцијата се одржа во сабота,09.05.2020 год. од 17.00 – 19.00 часот,на виртуелната платформа ZOOM каде што земаа учество средношколци од целата  држава.

Ротари клубот го сподели сопственото искуство од својата професија, а истото го сторија и неколку еминентни гости говорници.

Оваа конференција се одржа се со цел да им се помогне на учениците во нивниот избор за идна професионална кариера.

 

    

                                                                                                          Ментор

Виолета Арсова