На ден 6.6.2019 год. во хотел „Александар Палас“ во Скопје со почеток во 10 и 12 часот беше организиран состанок – насловен како Фокус групи на наставници по граѓанско образование. Состанокот го водеа претставници од БРО Оливер Станоевски и Ана Мицковска Ралева од Македонскиот центар за граѓанско образование. На состанот присуствуваа повеќе професори од средните училишта и гимназии од Скопје и др. градови во С. Македонија. Од нашето училиште СУГС„Димитар Влахов“ присуствуваа Азем Фазлија (10 часот) и Валентина Димитриевска (12 часот).

Целта на работата на Фокус групите по граѓанско образование беше  да се направи истражување и запознавање на наставниците со новите модуларни наставни програми по граѓанско образование што ќе стартуваат од септември 2019/2020 год.

Преку анализа на 20 прашања за дискусија,  присутните ги споделија своите размислувања за проблемите, предизвиците  како и потребните дополнителни методи, техники, прирачници и карактеристики на досегашната и идната годишна програма по граѓанско образование.

Од  наредната учебна година 2019/2020 год. ќе  се стартува со реализација на  модуларната програма по граѓанско образование за прва година. Годишните програми можат да се најдат на БРО.

Дел од присутните наставници истакнаа дека за поуспешна реализација на програмата потребно е БРО да  обезбеди прирачници, учебници, дигитални содржини, филмови, организирање на посета на јавни институции и др.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *