Струка / сектор

Хемиско-технолошка / Хемија и технологија

Образовни профили / квалификациии

  • Месар (двегодишно образование)
  • Млекопреработувач (тригодишно образование)
  • Месопреработувач (тригодишно образование)
  • Прехранбен техничар / техничар за заштита на животната средина (четиригодишно образование)

Образованието овозможува хоризонтална и вертикална проодност.

Хоризонталната проодност овозможува премин на ученикот од една во друга квалификација/ профил со исти години на траење на образованието и се состои во полагање на разлика во предмети, односно диференцијални предмети специфични за профилот/квалификацијата, а кои ученикот не ги учел во текот на образованието.

Вертикалната проодност овозможува напредување на ученикот од тригодишно во четиригодишно образование, кое се реализира со полагање на вонредни испити.

Со завршување на образованието на ученикот му се овозможува вработување на пазарот на трудот или продолжување на образованието на сродни факултети.

Ве покануваме!

Дојдете во светот на здравата исхрана и здравиот начин на живот, бидејќи здравјето доаѓа одвнатре, а се гледа однадвор. Заштитувајќи ја животната средина ќе научите како да ги заштитите Вашето здравје и Вашата убавина.

Затоа, избери паметно за својата иднина!