ЦСИ „Надеж“ потпиша меморандум на соработка со Димитар Влахов за реализација на проектот „Таа може: стекнување вештини за економска независност” кој е финансиран од германската фондација „Weltgebetstag“ . Целта на проектот е преку професионална обука да им се овозможи на учениците од струката „ Лични услуги„ -насока фризери да стекнат уште подобри практични вештини и знаење од својата област. Обуката ја спроведува професионален обучувач – мајстор фризер од здружението на занаетчии – секција фризери при Стопанската комора на С.
Македонија. Првата обука започна, идните фризери стилисти се во акција 🙂 Погледнете ги фотографиите сами говорат за себе !