Eко-акција - диви депонии

На ден 24.04.2019 година во општина Аеродром – Скопје се одржаната акција за чистење на диви депонии. Акцијата започна во 10:00 часот на локацијата – Транспортен центар-општина Аеродром. Во акцијата активно учествуваа учениците и наставниците од нашето училиште СУГС„Димитар Влахов”. Освен учениците и наставниот кадар во акцијата учествуваа администрацијата на Претпријатието ЈП “Комунална хигиена”, општината и представниците на невладиниот сектор.На почетокот на акцијата на сите ученици и учесници во акцијата им беа поделени заштитни ракавици поради безбедност при работа. Во текот на акцијата учениците од нашето училиште исчистија значителен дел на хетероген цврст отпад од наведената локација. Собраниот отпад го селектираа во спецјални ќеси кои ги дислоцираа на одредени места. Во рамките на акцијата е собран целокупниот отпад од одредената локација.Со учество во еко-акцијата нашето училиште даде симболичен придонес во големата акција – чистење на диви депонии во општина Аеродром, преку која испраќаме јасна порака за подигање на еколошката свест за заштита на животната средина и намалување и управување со отпадоците кои секојдневно ги создава човекот. Несовесното постапување со отпадот и опасноста од создавање диви депонии директно ја загрозуваат животната средина и претставуваат закана за здравјето на луѓето. Се надеваме дека со нашиот денешен пример ќе ги поттикнеме пред се младите луѓе на конкретни акции со кои ќе ја зачуваме животната средина чиста и здрава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *