Во период од 06-09.11.2019 година, Здружението на граѓани Еко Логик, реализираше по трет пат- Kамп за одржливост.
Оваа активност е во рамки на „Училиштето за одржлив развој“, кое овозможува неформално изучување и разбирање на целите за одржлив развој (поставени од Обединетите Нации за 2030 година).


Повик за учество на кампот за одржливост беше испратен, споделен до сите средни училишта на Град Скопје.
Од вкупно 84 апликации беа избрани 24. Задача која им беше поставена на заинтересираните ученици беше да споделат идеја за начинот на решавање на проблемот поврзан со аерозагадување и отпадот, поткрепена со фотографија од околината која ги опкружува.
На повикот аплицираа и беа избрани ученици од СУГС „Димитар Влахов”. Во оваа активност земаа учество ученичките од III/5клас-Викторија Коцевска со есеј „Од биоотпад до органски компост” и Катерина Рабаџиска со есеј.
„Одржлив развој и фиторемедијацијата’’ под менторство на професор Соња Кузмановска. Истите беа поткрепени со фотографии од околината.
Со оваа учество се потврди дека младите на овој начини се мотивираат за нивно активно вклучување- давање предлози, иновативни решенија и производи со цел соочување со локалните предизвици и поттикнување на позитивни промени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *