Со волонтерски дух, подготвени за еден различен ден исполнет со ведри и насмеани лица, под водство на наставникот Мирјана Крстевска , дел од учениците на СУГС „Димитар Влахов“ волонтираа на седумнаесетото издание на Скопскиот маратон. Со насочувањето на учениците кон волонтеризмот  делуваме во насока на создавање на едно поодговорно општество, а нашата солидарност и општествена одговорност ја покажуваме со дела кои најдобро можат да зборуваат за нас.  Со тоа поставуваме  позитивни примери кои ќе водат кон позитивни промени во секојдневието на секој еден од нас во нашето општество.

Браво Мими! Браво за Влаховци!