Почитувани колеги, ученици, родители и пријатели,
денес го одбележуваме Патрониот празник на нашето училиште, посветен на нашиот патрон Димитар Влахов (1878-1953), истакнат македонски револуционер, општественик и државник.
Денес е празничен ден, ден посветен за средби и дружење со Вас.
Во чест на Патронатот спортскиот дух и оваа година не нѐ одмина, па беа реализирани училишни спортски игри во дворот на училиштето. Директорот и наставниците заедно со учениците положија свежо цвеќе пред бистата на Димитар Влахов и беше одржан пригоден говор во кој се потсети за визијата на училиштето:”Современи млади луѓе за современо општество”, визија која сите ние како вработени заедно со учениците ја продолжуваме во мултиетнички дух, докажувајќи дека заедно можеме и сакаме да живееме, учиме и создаваме!
Нека ни е среќен празникот! Слава му!