Светскиот ден на учителот/наставниците се одбележува секоја година низ целиот свет и ги поврзува владите, мултилатералните и билатералните организации, невладините организации, приватниот сектор, наставниците и експертите во областа на наставата. Според Институтот за статистика на УНЕСКО, на светот му требаат 69 милиони наставници ако сакаме да постигнеме универзално основно и средно образование до 2030 година.
Одржувајќи се годишно на 5 октомври уште од 1994 година, Светскиот ден на наставниците ја одбележува годишнината од потпишувањето на Препораката на УНЕСКО и МОТ (Меѓународна организација на трудот) од 1966 година за статусот на наставниците, која претставува главна референтна рамка за адресирање на правата и одговорностите на наставниците на глобално ниво.
Нека ни е честит Денот на учителот !