Бескрајна благодарност до МОН, сите наставници, колеги, работодавачи, ученици сегашни и идни упати директорката на училиштето СУГС “Димитар Влахов”, Лидија Андоновска.
Сите заедно направивме импресивен настан за во склоп на кампањата на МОН за унапредување на стручното образование „Учи паметно, работи стручно“ и воведувањето на концептот на дуално образование- рече таа во своето обраќање пред присутните.
Позитивни импресии изрази и министерката, која апелираше во што поголем број да се запишат ученици во ова училиште бидејќи струките се многу барани на пазарот на труд, па учениците ќе имаат можност за брзо вработување после завршувањето на образованието.
Ова училиште има три струки: лични услуги, хемиско-технолошка и графичка струка.
Да одбереме паметно, да учиме стручно и да станеме угледни креатори на нашата иднина.
Галерија од настанот “Отворен ден” во СУГС “Димитар Влахов”