Проектот „НЕ!Насилство“ имплементиран од страна на Здружение Лидери за едукација, активизам и развој, со финансиска поддршка од Агенција за млади и спорт на Република Северна Македонија има за цел зголемување на безбедноста, а намалување на насилството во средните училишта, преку изработка на унифициран протокол за спречување и постапување во случај на насилство. Овој документ е изработен во 4 месечен период од страна на работна група составена од 20 учесници од 10 средни училишта во град Скопје меѓу кои е и нашето училиште СУГС „Димитар Влахов“ претставувано од Миријана Крстевска -предметен наставник , Марика Станимировиќ – психолог и ученичките Анастасија Јанческа од I година и Викторија Коцевска од IV година .

Проектот има за цел да едуцира и креира безбедна средина за сите, во која ќе се чувствуваат добредојдени, безбедни и ќе можат да ги уживаат своите човекови права и исполнат својот потенцијал креирајќи еднакви можности за сите.
Дополнително, целта на овој проект е во случај на потреба за постапување да го дефинира постапувањето и реакцијата во случај на насилство, да работи на реинтеграција на жртвите и насилниците и да ја поткрене свесноста на сите засегнати страни во училиштата за насилство и да ја унапреди безбедноста промовирајќи безбедна средина за сите.

Сертификати-ХП (15)

  Сертификати-ХП (13)

Сертификати-ХП (14)

Повеќе информации можете да добиете од линкот подолу.

Ѕирнавме под тепихот! Како до безбедна училишна средина?