Заради промоција на спортските активности во средните училишта пред, за време и по пандемијата, се одржа состанок заедно со наставници од средните училишта на град Скопје, членови на Сојузот на Средно училишен спорт. На состанокот беа презентирани информации за сработените, како и планираните идни активности, како Сојуз. На сите наставници, учесници во лига натпреварите им беше доделена спортска опрема.  Претставници од нашето училиште беа: Мирјана Крстевска (футсал-жени), Ибрахим Весели (футсал-мажи) и Атанас Филиповски (одбојка-жени).
Голема благодарност до градоначалникот  Петре Шилегов
за неговата поддршка на средношколскиот спорт и во услови на пандемија, а воедно и до секретарот Викоторија Аврамовска Мадиќ, како и до Зоран Шишковски од одделението за спорт на град Скопје.
Се надеваме дека оваа ситуација ќе помине и повторно ќе се вратиме на спортските терени да се натпреваруваме, дружиме и бележиме успешни спортски резултати. НапредВлаховци!