Денес во нашето училиште се одржа настан „Избор на најуспешно изработена индивидуална практична работа на завршен испит за Фризер за генерацијата 2018-2021“

Настанот беше организиран во соработка со Комората на занаетчии на Град Скопје, претставувана од секцијата на фризери.

Современи, модуларни наставни програми, задолжителна практична настава и феријална практика кај работодавач е дел од успешната соработка на училиштето со Комората на занаетчии на Град Скопје, односно со мајсторите и менторите- фризери, кои им ги доближија современите искуства од својата пракса на учениците.

Искуствата собрани во овој проект како партнери, Секцијата на фризери и нашето училиште ќе ги користи и понатаму како модел за успешна соработка.На сите наши ученици импосакуваме успех во понатамошната работа и во животот.

Проследете ја галеријата фотографии од настанот.