Градоначалникот Петре Шилегов вечерва додели специјални признанија и парични награди на матурантите – првенци на генерацијата од 23 скопски средни училишта, на традиционалната манифестација „Средба на првиот со најдобрите“ која се одржа на Школката во Градскиот парк. Оваа манифестација има цел да го афирмира училишниот успех на првенците на генерација во средните училишта на Градот Скопје и да им оддаде јавно признание за постигнатите резултати. И оваа година е награден успехот на учениците од средните стручни училишта кои се опфатени со тригодишното образование, а признание е доделено и на ученици со попречености кои постигнале особени резултати о процесот на инклузија во образованието.

Повеќе за настанот можете да прочитате на следниот линк:

http://skopje.gov.mk/mk/vesti/2019/15-06-2021-sredba-na-prviot-so-najdobrite/

Горди сме да Ви ги представиме Првенците од нашето училиште Викторија Коцевска, козметички техичар и Александар Анакиевски, фризер.

Викторија Коцевска

Александар Анакиевски